Search

Двајца повредени во сообраќајка во Охрид

Охриѓанка била тешко повредена, а охриѓанец полесно, при судир на два автомобили вчера во Охрид.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 15.25 часот на улицата Илинденска. Автомобил „мерцедес А170″ со охридски регистарски ознаки, управуван од охриѓанката С.С.(61) се судрил со автомобил „опел зафира” со охридски регистарски ознаки, управуван од А.Н.(23) од Охрид.

Од ударот со тешки повреди се здобила С.С., а полесно бил повреден возачот на опелот. По сообраќајката двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо” каде им била укажана лекарска помош.

Увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави