Search

Двајца мексикански актери загинале при снимање на серија

Мексиканските актери Хорхе Наваро Санчез и Луис Герардо Ривера загинале при проба на сцени за снимање на серија.

Станува збор за серијата „Без страв од вистината“ на мексиканската ТВ продукција „Телевиса“, која во краткото соопштение извести дека Санчез и Ривера починале ноќта меѓу четврток и петок, но не пренесе други детали.

Сепак, според последните извештаи до инцидентот дошло кога двајцата актери трчале по мост специјално изработен за сцената. Тие се сопнале и паднале од висина од пет метри.

Во извештајот се додадва дека продукцијата е во контакт со мексиканските власти, како и дека телевизијата жали поради несреќата и испраќа сочувство до семејствата на загинатите актери, пренесе агенцијата АП.

Треба да знаете
Последни објави