Search

Дармијан го однесе Интер во полуфиналето од Купот на Италија

Интер продолжува со одбраната на трофејот во италијанскиот Куп, откако вечерва во четвртфиналето во Милано ја совладаа Аталаната (1:0) и се пласираа во поуфиналето.

По една акција во 57. минута, Дармијан се најде во позиција да бие и постигна гол со кој го реши победникот и патникот во полуфиналето.

Интер е осумкратен освојувач на Купот на Италија, а во одбраната на ланскиот трофеј ќе продолжи со подобриот тим од дуелот Лацио – Јувентус кои ќе играат в четврток.

Треба да знаете
Последни објави