Search

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Варвициотис во Скопје

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре, ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи,

– Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, стои во соопштението.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис денеска ќе имаат билатерална средба, по што ќе следат изјави за медиумите. 

Треба да знаете
Последни објави