Search

Грчев: Тоа што го кажа премиерот, не е став на Владата туку личен став на Заев

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ, но и раководител на работната група на Министерството за култура, Мирослав Грчев нема дециден личен став дали објектите „Порта Македонија“ и „Споменикот на Мајка Тереза“ треба да се урнат, туку да се почитуваат стручните мислења на повеќе институции по ова прашање.

Тој за „Вечер“ вели дека изјавата на премиерот Зоран Заев дека со мислењето испратено до Општина Центар, Владата не барала уривање на посочените два објекта од проектот „Скопје 2014“, туку почитување на мислењето на стручните комисии, не е став на Владата, туку негово лично мислење.

-А ставот на Владата по однос на ДУП „Мал ринг“ беше да побара стручни мислења од служби на неколку министерства, од работната група при Министерството за култура кои се последиците од „Скопје 2014“, како и од Конзерваторскиот центар. Во тоа мислење што е и став на Владата е дека Општина Центар во рамките на своите надлежности покрај донесување на ДУП мора да ги почитува и законите кои и се посочени и дека треба да ги земе предвид мислењата кои се поместени во тие насоки и ставови на Владата, вели Грчев за ВЕЧЕР.

Заев пред некој ден појасни дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

Треба да знаете
Последни објави