Search

Грција во 2019 година имала 10.724.599 население

Во текот на 2019 година, во Грција биле родени 86.440 деца, а починале 119.446 лица, со што бројот на популацијата се намалил за 33.006 и минатата година изнесувал 10. 724. 599 Грци, според грчката новинска агенција АНА-МПА, која ги објавува податоците од Статистичката служба на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вкупниот број на населението кај јужниот сосед, 51,4 отсто се жени, 48,6 проценти мажи, а шест од десет Грци, односно 63,6 отсто се на возраст меѓу 15 и 64 години.

Најголемиот дел од населението, речиси една третина, над 3,5 милиони живее во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во однос на миграцијата, во текот на 2019, во Грција дошле 119.489 лица, наспроти 103.049 кои што се отселиле од земјата.

Треба да знаете
Последни објави