Search

Групна изложба „Интеграција на идентитети” во Пловдив

Неколкугодишниот проект „Поврзување” на Културно-информативниот центар  на Република Северна Македонија во Софија, оваа 2019 година се прошири и збогати со групна тематска изложба на дела од 21 уметник од двете земји. Изложбата е насловена „Интеграција на идентитети” и ќе биде отворена вечер во Балабанова куќа во Пловдив, кој годинава е престолнина на европската култура. 

– По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски,  Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од Северна Македонија (Ибрахим Беди, Роберт Јанкулоски, Атанас Ботев, Ацо Станкоски, Исмет Рамиќевиќ, Шќипе Мехмети и Колектив Зеро) и Бугарија (Десислава Христова, Генади Гатев, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев, Свилен Стефанов и арт дуетот ninavale – Нина Ковачева и Валентин Стефанов), соопшти КИЦ во Софија за изложбата која се реализира со поддршка од нашето Министерство за култура и во партнерство со институтот Стар Пловдив во Пловдив. Куратори на изложбата се Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов.

Треба да знаете
Последни објави