Search

Градиме по план, Град Скопје продолжува со санација на најважните сообраќајници

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува инвестиции во патната инфраструктура и реконструкција на најважните и најфреквентните коловози во градот, велат од СДСМ.

„Започна реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во централното градско подрачје, на потегот од „Веро Џамбо” до крстосницата кај зградата на „Макпетрол” во должина од 880 метри.

Со примена на  принципот на брза, експедитивна и квалитетна работа и со цел намалување на  сообраќајниот метеж планирано е целата градежна активност да биде завршена за 40 дена.

Покрај оваа сообраќајница, како што најави градоначалникот Шилегов, наскоро започнува реконструкција и на булеварот Крсте Мисирков од крстосницата кај ТЦ „Мавровска” до поликлиниката Бит пазар, како и на улицата Павел Шатев.

Во изминатиот период се реконструираа или во моментов се реконструираат клучни сообраќајници во сите скопски општини како што се улицата „Лазар Личеновски” во Центар, улицата Ѓорче Петров во должина од 1500 метри, улицата „Московска” во општина Карпош каде претходно беше реконструирана улицата „Љубљанска” а се изврши и реконструкција на булеварот „Партизански одреди” на потегот од мостот „Обединети нации” до крстосницата со улица „Лондонска”, додека во тек е и реконструкција на мостот „Гоце Делчев”.

Во општина Чаир се реконструира улуцата „Лазо Трповски”, а претходно реконструирана беше улицата „Втора Македонска Бригада” каде беа поставени и велосипедски патеки.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов остануваат целосно фокусирани на унапредување и развој на инфраструктурата во градот.

Зборот важи!

Обезбедуваме сигурни и безбедни коловози за граѓаните“.

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави