Search

Голема тениска ѕвезда се омажи за македонски богаташ

Романската тениска ѕвезда и некогашниот прв тениски рекет на ВТА листата Симона Халеп (29 г) се омажи за македонскиот тајкун Тони Јурук (42 г.). За семејствата и бројните пријатели брачната двојка приреди раскошна венчавка во средата во родниот град Констанца.

Халеп дартумот на венчавката го темпирала да биде по завршувањето на тенискиот гренд-слем турнир ЈУ Опен на кој стаса до осминафиналето. Романката во својата кариера има освоено два гренд-слем трофеии, по еден на Ролан Гарос и Вимблдон.

-Беше прекрасно. Ова се сосема поинакви емоции во споредба со победите на гренд-слем турнирите. Тенисот е едно, а овој чин нешто сосема друго. Направивме голем чекор во животот. Многу сум среќна – рече возбудено Халеп.

Момчето на Халеп, која има македонски корени, е бизнисмен од Македонија за кого се зборува, а странските медиуми пренесуваат дека располага со големо богатство. Тие споменуваат дека во негова сопственост има шет компании. Пред да се ожени со Халеп веќе имал два брака.

Со тениската романска ѕвезда пред да се венчаат биле три години во врска. На семејната веселба Халеп се пофали дека им пееле романските мучички ѕвезди.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави