Search

Германскиот Парламент одобри регистрација на трет пол

Германскиот Парламент одобри опција за трет род во официјалните документи која ќе им овозможи на граѓаните да се регистрираат како „различни“.

Германската Влада во август одобри воведување на можност за регистрирање на трет пол во матичните книги, а пратениците ја потврдија ваквата одлука доцна синоќа.

Владата мораше да делува по одлуката од лани на највисокиот германски суд да им се дозволи на луѓето да се впишат во матичните книги како некој кој не ниту машко ниту женско, а на властите им беше наложено да формираат трет идентитет или сосема да ја укинат рубриката за впишување на род.

Судот ја донесе ваквата одлука по случајот во кој едно лице поднесе тужба и безуспешно бараше да ѝ се изврши промена во изводот од женско на различно.

Досега единствена можност за германските граѓани беше рубриката за род да се остави празна.

Треба да знаете
Последни објави