Search

Германски парламентарец: НАТО се распаѓа и тоа е добредојдено

Германскиот парламентарец Александер Ној е согласен со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во НАТО, додавајќи дека распаѓањето на тој пакт е добредојдено за него, пренесува „Спутник“.

„САД и Турција му копаат гроб на НАТО и го експлоатираат исклучиво за сопствена корист. Америка до неодамна тежнееше исклучиво кон остварување на нејзините интереси, вклучувајќи го и она што го правеше преку НАТО, а веќе неколку години сме сведоци дека и Турција го следи тој тренд. НАТО се распаѓа, а јас го чекам тоа со раширени раце“, вели тој.

Изјавата на Ној следи речиси една недела откако Макрон прогласи мозочна смрт на НАТО, алудирајќи на непредвидливоста и на неможноста за потпирање на САД, додека претседател е Доналд Трамп.

Меѓутоа, изјавата на Макрон наиде на критики кај германската канцеларка Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кои го критикуваа францускиот претседател поради употребата на драстични изрази, истакнувајќи дека НАТО треба да остане главен столб на гаранцијата на германската безбедност.

Треба да знаете
Последни објави