Search

Германец влегол во касaрната „Страшо Пинџур“ поради погрешни ГПС-насоки

Во Полициското одделение Петровец во попладневните часови на 20 август, од касарната „Страшо Пинџур“ пријавиле дека кај нив бил задржан 22-годишен Германец.

Според пријавата, странскиот државјанин влегол во кругот на касарната. Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС-уредот.

Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави