Search

Георгиевски: Треба да извлечеме поука од овој пораз, стилот на Црна Гора ни одговара

Натпреварот со Словенија е зад нас, македонските ракометари од денес веќе се подготвуваат за утрешниот против селекцијата на Црна Гора.

Еден од поискусните во нашите редови, Гоце Георгиевски смета дека треба да извлечеме поука од вчерашниот пораз од Словенија (27:25).

„Нормално е да има разочарување после еден загубен натпревар, но мислам дека треба да извлечеме позитивна поука од натпреварот затоа што одигравме добар натпревар. Грешки имаше и на двете страни, но ние сме репрезентација во транзиција, а тие се веќе изградени. Мислам дека репрезентацијата е на вистинскиот пат, треба да гледаме напред“.

Утре од 18:00 часот не чека Црна Гора.

„Немаме многу време, но ќе го анализираме противникот и ќе одработиме тренинг, мислам дека ќе бидеме добро подготвени. Не знам во каков состав ќе играат утре, но сме играле со нив и нивниот стил ни одговара“, изјави Георгиевски.

Треба да знаете
Последни објави