Search

Гвардиола страда од „синдром на четврта сезона”

Шпанскиот фудбалски тренер Пеп Гвардиола својата најразочарувачка сезона на клупата на Барселона ја имаше во четвртата година од својот престој во Барса, а сега тој четврта сезона го води Манчестер сити и повторно не му оди.

– Денот кога го видов изгаснат жарот во очите на моите фудбалери, знаев дека е време да си заминам, рече Гвардиола во 2012 година кога ја напушти Барса.

Нешто слично му се случува и сега во Сити. Резултатите на тимот се незадоволителни, Ливерпул им бега осум бода, загубија од скромни екипи како Норвич и Вулверхемптон, „граѓаните” не делуваат како моќна машина која во Премиерлигата освојува речиси 100 бода. Ако продолжи рано да испаѓа од ЛШ и ја загуби титулата во Англија, ова може да биде последна сезона за каталонскиот стручњак на клупата на Сити.

Треба да знаете
Последни објави