Search

Гвардиола го расплака „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид пред домашните навивачи ремизираше во 2. коло од шпанската фудбалска Примера со Ваљадолид (1:1).  Во 88. минута  Серхио Гвардиола го расплака „Сантијаго Бернабеу“.  Избраниците на Зинедин Зидан долго се мачеа да го скршат отпорот на гостинот, па мрежата ја затресоа дури во 82. минута преку Карим Бензема, но на крајот последни се смееја гостите.

По убедливиот старт на воведниот меч од сезоната на гостувањето кај Севилја (3:1) ретко кој можеше да се посомнева дека „кралевите“ ќе бидат изненадени пред своите навивачи.

Треба да знаете
Последни објави