Search

Вујовиќ: Имавме шутерски ден, но постигнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра

Веселин Вујовиќ со право е задоволен по својата прва победа во ЛШ по враќањето на клупата на Вардар, апсолутно заслужена откако „црвено-црните“ денеска го преслушаа Брест Мешков со 35-28.

Тимовите на Вујовиќ вообичаено низ годините ги одликува цврста одбрана, но вечерва ефикасниот напад беше рецептот за успех против белорускиот шампион.

-Се плашев од овој натпревар, бидејќи знам каква екипа е Мешков, исклучително ја почитувам. Го отворивме мечот со силна мотивација, ни помогнаа одбраните на Томовски, атмосферата на трибините и тоа некако не носеше. Нашите шутери беа расположени, нивните голмани имаа лош ден. Десет различни играчи постинаа голови, тоа е најдобар доказ за нашата сила во нападот. Покажува дека имавме баш шутерски ден, но да бидам искрен постигнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра. Кога Мешков Брест почна со зоната 5-1 во одбрана во вториот дел, не сакав да играм со браќата Њокас бидејќи уште не се воиграни како што треба, па ете измислив решение некако со Дибиров на среден бек. Морам да потенцирам дека тие имаат многу повредени играчи, ние ја искористивме таа ситуација, им посакувам се најдобро во иднина, изјави Веселин Вујовиќ.

Треба да знаете
Последни објави