Search

Вучиќ: Немам ништо против средби на Ѓилас со Заев

Српскиот претседател Алекандар Вучиќ денеска изјави дека „нема ништо против” средбите на лидерите на опозицијата во Србија со странски високи претставници.

– Немам ништо против тоа. Тој се виде и со Сандуловиќ, тоа е веројатно истото друштво… Имаше уште некои контроверзни бизнисмени таму на вечерата. Но, тоа е се во ред, нормално… Се состануваат претставници на власта со опозицијата, власт со власта… што е тука чудно сега, сè е во ред, изјави Вучиќ запрашан да ја коментира средбата на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас со премиерот Зоран Заев, како и за тоа „дали Скопје е станат нов центар за уривање на неговата власт”.

Одговарајќи на повеќе новинарски прашања, Вучиќ истакна дека проблемот е во тоа што Ѓилас најави формирање на партија од социјалдемократска ориентација, што, како што оцени, е цинизам.

– Каде токму баш ти, кој цинизам… Ти кој имаше 500 милиони евра приходи, најлошиот капиталист и тајкун, ги уништивте работниците, ограбивте фабрики и сега ќе формирате социјалдемократска партија, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека, на крајот на краиштата, народот ќе одлучи кој ќе биде на власт, а кој во опозиција.

– Луѓето ќе имаат можност да го сторат тоа на избори и наскоро за ова ќе донесам одлука, рече Вучиќ.

Тој рече дека е можно избори да се одржат побрзо од предвиденото, доколку ситуацијата во врска со Косово остане непроменета, односно ако Приштина не ги укине таксите со што разговорите нема да продолжат.

Треба да знаете
Последни објави