Search

Вучиќ закажа седница на Советот за безбедност поради аферата со рускиот шпион

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре закажа седница на Советот за национална безбедност, поради можната шпионска афера во која наводно се вклучени руски разузнавач и српски агент, објави „Блиц“.

Автентичноста на снимката на која се гледа како Георги Клебај му дава пари на наводен српски агент ја потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

По седницата се очекува да бидат познати повеќе детали за овој случај на кој работат српските безбедносни служби.

Претходно денеска, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека, доколку се утврди дека во овој случај навистина станува збор за шпонажа, тоа ќе биде сериозен проблем кој бара сериозна реакција.

Треба да знаете
Последни објави