Search

Војвотките ги „закопаа секирите“ или правеа претстава за публиката на Вимблдон

Освен финалниот дуел меѓу Симоне Халеп и Серена Вилијамс, вниманието на медиумите го привлече присуството на војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл во ложата на Вимблдон.

Во само една недела вторпат се појавија заедно во јавноста, откако претходно заедно со нивните деца беа на натпревар на поло каде настапуваа нивните сопрузи. Иако се шпекулира дека не се во доби односи, двете војвотки изгледаа како најдоби другарки, но дали можеби е во прашање само  претстава за публиката. Идилата ја надополни и сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, која само ја истакна опуштената атмосфера меѓу војвотките.

Во жестока конкуренција, треба да се биде убав, но и скромен. Кејт го „повтори“ зелениот фустан на Долче и Габана кој го носеше и во 2016 година во Канада, а чини 2.150 фунти. Меган, пак, се одлучи за беа кошула која ја искомбинира со здолниште на Бос вредно 350 фунти.

Треба да знаете
Последни објави