Search

Вокер останува „граѓанин” до 2024-та

Десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер официјално повторно потпиша со граѓаните, а неговиот нов договор е до летото 2024 година.

Англискиот репрезентативец им се придружи на „небесно-сините” во јули 2017 година од Тотенхем и брзо се етаблира како стартер кај Пеп Гвардиола.

За две години во тимот тој има точно 100 натпревари на сите турнири, освојувајќи ја двапати Премиер лигата и Лига Купот, и по еднаш ФА Купот и „Комјунити Шилд”.

– Возбуден сум што потпишав нов договор. Играњето за Сити е сè што сум се надевал дека ќе биде, дури и повеќе. Тоа беше лесна одлука. Сакам да се натпреварувам за трофеи и да играм на највисоко ниво. Чувствувам дека значително се подобрив како играч, откако сум тука. Визијата на клубот, и на и надвор од теренот, совршено ми одговара. Не можам да дочекам да ги поминам следните пет години тука и се надевам дека ќе освојам повеќе трофеи, сподели Вокер за веб-страницата на клубот.

Треба да знаете
Последни објави