Search

Возач повреден кога со „фолксваген“ излетал на стариот пат Прилеп – Битола

По полноќ на стариот пат Прилеп – Битола и локален пат за селото Ношпал, Ѓ.Р.(27) од селото Мусинци, општина Могила, управувајќи возило „фолксваген шаран“, со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Р. и бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави