Search

Во Црна Гора се затвораат угостителски објекти во уште пет градови

Угостителските објекти во Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак од понеделник ќе бидат затворени поради влошената епидемиолошка состојба во тие општини, објави Црногорскиот институт за јавно здравје во Подгорица.

Стапката на заразување со коронавирусот во тие општини е над 800 на 100.000 жители, со што автоматски преминуваат во групата општини во кои од понеделник ќе се применуваат построги антиепидемиски мерки кои ќе траат 14 дена.

Според новите правила, забрането е собирање во станбени згради на лица кои не се членови на заедничко семејно домаќинство, пренесува „Вијести”.

Институтот не соопшти дали и училиштата во споменатите општини ќе бидат затворени од понеделник, но според досегашните мерки, за училиштата во општините каде кумулативната инциденца надминува 800 на 100 илјади жители, се планира премин кон онлајн учење.

Треба да знаете
Последни објави