Search

Во Хрватска 223 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 223 нови случаи на инфекција со Ковид-19, а бројот на активни случаи е 1226. Меѓу нив, 273 пациенти се во болница, од кои 22 се на апарати за дишење. Починале пет лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 15.795 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 266 починале. Вкупно закрепнале 14.303 лица, од кои 192 во последните 24 часа.

Во моментов има 8898 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 284.449 лица, од кои 5.414 во последните 24 часа.

Треба да знаете
Последни објави