Search

Во Франција на 62 години во пензија, минимален износ 1.000 евра

Францускиот премиер Едуар Филип објави детали од контроверзната реформа на пензискиот систем, кој која изминатите денови предизвика масовни протести низ Франција.

Филип рекол дека минималната возраст неопходна за пензија ќе остане 62 години, но дека работниците за целосна пензија ќе мора да работат до 64 години.

Премиерот Филип истакнал дека спроведувањето на пензискиот систем ќе бидеодложено, а новиот систем ќе важи само за граѓаните родени по 1975 година.

Владата соопшти дека минималната пензија од 1.000 евра ќе важи за оние кои работеле цел свој живот. Војниците, пожарникарите, затворските чувари и полицијата ќе можат да се пензионираат порано. Одлуката на владата следи по седумдневните штрајкови во земјата.

Треба да знаете
Последни објави