Search

Во Тетово дерби-пресметка за врвот

На македонската фудбалска сцена денеска (13 часот) прекуредно ќе се игра прволигашки фудбал. На програмата е 14. коло кое ќе го одбележат две дерби пресметки. Првата е меѓу водечкиот двоец Шкендија и Македонија ЃП, а втората меѓу поранешните шампион, последнот македонски претставник во квалифиакциите од Лигата на шампионите Силекс и најтрофејниот Вардар. Старите познаници ќе играат за пробив во горниот дел од табелата.

Тимот од „Ѓорче Петров“  кој сезонава добри гази, заборавил кога последен пат не се израдувала на победа против Шкендија во Тетово. Статистистиката говори дека се поминати 14 години откако „лавовите“ триумфирале против тетовските „црвено-црни“. Денеска во Тетово доаѓаат да ја прекинат традицијата и да направат рокада на лидерската позициај.

Шкендија сезонава не е така доминантна. Во 13. одиграни кола е единствен тим кој нема пораз, но дури шестпати ремизираше. Македонија ЃП доаѓа на мегдан со серија од три победи и реми со Шкупи. Шкендија дербито го дочекува со низа од три нерешени исходи и една победа во последните четири меча.

Актуелниот шампион Вардар после две последователни победи го очекува тешко гостување во Кратово. Силекс изминатиофв викенд после подолго време им се врати на победите освојувајќи ја Битола. За Вардар и во најдобрите денови, Кратово се покажувал како тежок терен. „Црвено-црните“ посакуваат одмазда за домашниот пораз на стартот од сезоната, кога загубија со 0-4.

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО (13 ЧАСОТ)

ТетовоШкендија – Македонија ЃП

МаџариШкупи – Беласица

АренаРаботнички – Пелистер

КратовоСилекс – Вардар

СЦ „Пандев“Академија Пандев – Ренова

ВелесБорец – Струга Трим Лум

ТАБЕЛАШкендија 27 бода, Македонија ЃП 26, Шкупи 25, Струга Трим Лум 20, Борец 19, Вардар 19, Силекс 17, Работнички 14, Пелистер 12, Ренова 11, А. Пандев 10, Беласица 9.

Треба да знаете
Последни објави