Search

Во текот на првиот квартал до Собранието ќе биде доставен новиот закон за платни системи и платежни услуги

Министерството за финансии во последнава година заедно со Народна банка работеше на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, со којшто воедно се воведува и отворање и либерализација на пазарот со што ќе може да влезат и други компании, изјави денеска министерската за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање околу либерализацијата на банките.

– Новиот дигитален свет носи предизвици и допрва ќе носи глобализацијата  и отворањето и сега капиталот е помобилен од било кога во денешното време. Разговаравме за нови трендови како финтек, разговаравме за зголемување на конкурентноста, бидејќи тоа е начинот за иновирање и одење напред и на домашниот банкарски сектор за да може да може да понудат подобри услови при подобра конкуренција за да можат да понудат и тие подобри услуги, пософистицирани решенија и секако за сите граѓани и за компаниите, истакна Ангеловска.

Таа нагласи дека за оваа тема Министерството за финансии веќе разговарало со засегнатите страни и со Народната банка и планира во текот на првото тримесечје да го финализира законот, кој веќе е во финална фаза, со цел да го достави до Собранието

– Ова навистина ќе предизвика промени кон многу подобро, бидејќи знаете дека кога сте во одредена комфор зона, да кажеме кога сме во една удобна фаза не сме приморани или притиснати да иновираме и воведуваме нови работи можеби наспроти ако би биле. Ова е еден од начините за чекор одење напред, усогласување со новите стандарди, со ЕУ директивите, а во однос на капиталот што слободно треба да тече сметам дека сите нови технологии ќе донесат предизвици, носат предности, но носат и предизвици со коишто мораме да им пристапиме внимателно бидејќи секако целта на монетарната политика е да држиме стабилна земјата, стабилен курсот, стабилни финансии, во секој момент од функционирањето, истакна Ангеловска.

Треба да знаете
Последни објави