Search

Во тек е етапната реконструкција на „Мајски цвет“

Во полн ек е реконструкцијата на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Локалната самоуправа започна со  активностите за опремување на тоалетите, со нова хигиенско – санитарна опрема (тоалетни школки, чешми и мијалници), а се поставуваат и нови плочки по ѕидовите.

Речиси се заменети и сите прозорци во објектот, со што целосно ќе се подобри енергетската ефикасност на оваа детска установа.

Станува збор за објект кој повеќе години делуваше запуштено, а е лоциран во урбаното јадро на Карпош. Општината ја започна етапната реконструкција на „Мајски цвет“ пред еден месец, а за истата се предвидени средства од Буџетот за 2020 година.

Во следниот период се очекува и реконструкција на кровната површина, подот и фасадата. Исто така, предвидено е внатрешно опремување на занималните со нови дидактички материјали и инвентар.

Општина Карпош продолжува да работи на подобрување на условите во предучилишното образование и зголемена детска заштита.

Треба да знаете
Последни објави