Search

Во Словенија 700 евра минимална плата до 2020 година

Словенечкиот парламент ги усвои амандманите за измена на законот за минимална заработувачка, што ќе доведе до постепено зголемување на минималната плата на нето 700 евра во 2020 година.

За измнените на законот гласаа 56 пратеници, а никој не беше против, објави словенечката агенција СТА.

Минималецот, согласно промените, од досегашните 638 евра ќе се зголеми на 667 во наредната година, со цел до 2020 да достигне 700 евра.

Покрај тоа, бонусите, кои моментално се вклучени во податоците за минимум заработувачка, од 1 јануари 2020 година ќе бидат исклучени од пресметките за минимална плата.

Треба да знаете
Последни објави