Search

Во Равена запленети 163.000 литри нафта шверцувана од Албанија

Италијанската полицијата Гуарда ди финанца запленила 163.000 литри нафта шверцувана од Албанија.

Вработените во пристаништето во Равена извршиле контрола на пет цистерни со нафта кои пристигнале од Албанија.

Нафтата била наменета за италијанскиот пазар, а била внесена без ДДВ, со документи што при контролата било утврдено дека се лажни.

Петте цистерни со нафта се конфискувани, а правните претставници на трите увозни компании биле на распит во Јавното обвинителство во Равена.

Треба да знаете
Последни објави