Search

Во Мадрид снимил повеќе од 550 жени под здолниште, и сè објавил на интернет

Во Мадрид е уапсен маж под сомнение дека снимил над 550 жени под здолниште и тоа го објавил на интернет, јавува „Би-би-си“.

Педесет и тригодишен Колумбиец, наводно, ги снимал со мобилен телефон скриен во ранецот.

Полицијата соопшти дека најмалку 283 видеа биле објавени на порнографски страници и привлекле најмалку еден милион прегледи.

Повеќето од 555 жртви, од кои некои биле малолетни, биле снимани во метрото.

Вакво казнено дело во Шпанија се смета за сексуална злоупотреба и сторителите можат да завршат во затвор, пренесува „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави