Search

Во кој дел од денот сме најмногу расположени за секс?

Има многу фактори што влијаат врз желбата за секс кај мажите и кај жените, а сексолозите утврдија дека еден од најважните е делот од денот во кој одлучуваме да имаме секс.

 

Пред да тргнете во поход за заведување, видете колку е часот и „пресметајте“ дали ви се тогаш најголеми шансите за сексуално уживање.

Ова се нарекува секс-биоритам, а сексолозите предупредуваат дека не треба да се зема здраво за готово, бидејќи луѓето не се машини и е нереално да се очекува дека нивната желба за секс е математички пресметана и секогаш иста.

Мажи, ако сакате да имате сеск со партнерката од 6 до 8 часот наутро, треба да знаете дека нејзиното тело е будно, но уште не е подготвено за секс. Нивото на мелатонин е уште превисоко, а телесната температура уште не е доволно висока. Ако сакате да ја доведете во расположение за секс, почнете со нежна предигра и полека разбудете ја страста.

Мажите во овој период (од 6 до 8 наутро) се многу возбудени, па сексолозите велат дека жените во ова доба не може да очекуваат ништо повеќе од „секс на брзинка“.

Ситуацијата се менува од 8 до 10 часот, кога жената е будна и подготвена. Нивото на ендорфин расте, па не ѝ треба многу време за да се возбуди.

Меѓутоа, машкиот мозок е веќе насочен на работа, нивото на тестостерон полека се спушта и се враќа во нормала, па ќе биде малку потешко да го заинтересирате.

Сексолозите сметаат дека времето меѓу 10 и 12 часот е идеално за орален секс, бидејќи рецепторите за вкус кај жената тогаш се многу изострени.

Мажите во овој период од денот мислат на секс, но мала е веројатноста дека ќе преземат нешто за да ја реализираат помислата.

Жените се многу активни од 12 до 14 часот, но таа активност воопшто не е поврзана со секс и тешко дека ќе бидат заинтересирани за такви дејства.

Мажите се многу расположени за секс тогаш, но со оглед на тоа дека мозокот на жената е насочен на нешто друго, им преостанува само фантазирање или да се надеваат дека „ќе им се посреќи“.

Периодот од 14 до 16 часот е идеален за зачнување, па ако сакате да забремените, ова е времето кога треба да стане жешко во спалната соба. Женскиот репродуктивен систем во овој дел од денот станува најактивен, а спермата на мажот е најквалитетна околу 16 часот.

Повеќето не се во најдобро расположение за водење љубов од 16 до 18 часот, но на некои не им пречи „нешто на брзинка“ ако мажот е подготвен за акција токму кога тие ќе посакаат.

Веќе од 18 до 20 часот и двата пола ги фокусираат мислите на враќање на енергијата што ја изгубиле во текот на денот, па мала е веројатноста и кај мажите и кај жените дека ќе има расположение за секс.

Сексолозите тврдат дека времето од 20 до 22 часот е идеално за лесна вечера, а потоа за разменување нежности во кревет. Жената после вечера е полна со енергија и голема е веројатноста дека ќе иницира акција, а мажите после јадење се повеќе расположени да ѝ исполнуваат желби на партнерката.

И мажите и жените имаат ист секс-ритам токму во овој период од денот.

По 22 часот веќе телото на жената паѓа во длабок сон и сексуалната желба опаѓа целосно. Мажот тогаш е многу поопуштен, но уште не е поспан. По полноќ веќе телото почнува да се одмара и да собира енергија за следниот ден исполнет со активности.

Треба да знаете
Последни објави