Search

Во Косово вчера починале 14 лица од Ковид-19. Курти: Нѝ се заканува хуманитарна катастрофа

Во последните 24 часа во Косово починале 14 лица од Ковид-19, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 341, соопшти Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во истиот период, тестирани се вкупно 506 примероци земени од клиниките, регионалните болници и контакти на претходно заразени, од кои 172 биле позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на позитивни случаи досега во Косово е 10.419 лица.

Во последните 24 часа, излечени се 114 пациенти, додека вкупниот број на излечени досега е 6.058.Во моментов активни се 4.020 случаи.

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, испрати писмо до амбасадорите во Косово во кое бара помош по повод епидемијата на Ковид-19. Потсетувајќи дека неколку пати ги искажал своите ставови за пандемијата пред членовите на дипломатските мисии, Курти предупреди дека Косово се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува „Косово онлајн“.

Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашата земја да ги обезбедите здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се овозможи превенција на здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа“, напиша Курти на Фејсбук.

https://www.facebook.com/albini2017/posts/933831447116740

Треба да знаете
Последни објави