Search

Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 лица

Десет цивили, меѓу кои и една жена и дете, загинаа утрово во експлозија на бомба во југоисточната авганистанска провинција Газни, соопштија локалните власти.  Шест лица се повредени, меѓу кои и три жени. Бомбата експлодирала во квартот Јагато, изјави локалниот советник Насир Ахмад Факири.

Портпаролот на гувернерот на покраината Газни, Ариф Нори, ја потврди веста. Бомбата била поставена на околу 300 метри од воена база со цел на неа да наидат авганистанските безбедносни сили, а официјалните претставници ги обвинија Талибанците за нападот.

Ова е втор напад во оваа област во последните две недели.

Според мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан, во периодот од јануари до септември во Авганистан биле убиени 2.500 луѓе, а повеќе од 5.600 се повредени.

Треба да знаете
Последни објави