Search

Во експлозија на автомобил бомба во Ирак загинаа пет лица

Во експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Тикрит загинаа пет лица, а 16 се повредени, соопшти полицијата.

Експлозијата разнела 12 автомобили кои се наоѓале во близината, а безбедносните сили ги затвориле повеќето улици во Тикрит за да спречат нови инциденти. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот. Ваквите напади се ретки во Тикрит откако Исламската држава минатата година доживеа пораз во Ирак.

Треба да знаете
Последни објави