Search

Во Грција регистрирани осум смртни случаи од грип

За помалку од десет дена, седум лица починале од сезонски грип во Грција, а вкупниот број регистрирани смртни случаи од октомври достигна  осум, покажуваат податоците на грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Заклучно со вчера, на интензивна нега биле хоспитализирани 24 сериозни случаи на лабораториски потврден грип, а осум лица починале, од кои повеќето претходно имале здравствени проблеми.

Од националната организација за јавно здравје на Грција велат дека и во следните седмици ќе биде на високо ниво активноста на вирусот и како и секоја година до средината на март се очекува да има и други случаи на заболени од сезонски грип.

Треба да знаете
Последни објави