Search

Во Бразил пропаднала улица и буквално проголтала автомобил

Во Бразил пропаднала улица и буквално проголтала автомобил

Неверојатна снимка доаѓа од Бразил, каде завчера  пропадна патот во малиот град Флорес да Куна, откако помина камион и се отвори огромна дупка.

Снимките од надзорната камера од блиската куќа покажуваат дека еден автомобил ја заобиколува дупката, додека другиот пропадна во неа.

Возачот, 34-годишната Ванеса Каваноли, го скршила носот, а нејзината 12-годишна ќерка Андрес Карнезел поминала без повреди.

“Возевме и во еден момент едноставно пропаднавме. Ја отворивме вратата и се обидовме да излеземе од автомобилот”, изјави Ванеса за бразилскиот портал Г1. Еден минувач и помогнал на жената и на нејзината ќерка да излезат од дупката, а потоа биле пренесени во болница.

Треба да знаете
Последни објави