Search

Во Босна и Херцеговина регистрирани 123 новозаразени

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина потврдени се нови 123 случаи со ковид-19, а оздравеа 115 лица.

Во Федерацијата биле тестирани 429 примероци, а 62 биле позитивни.

Досега се тестирани 153.678,а корона вирусот е потврден кај 17.442 лица.

Оздравеле 13.358, од кои 35 во последното деноноќие. Активни се 3.586 случаи.

Почина една жена, со што бројот на смртни случаи во Федерацијата е 498.

Во Република Српска пак, биле тестирани 369 примероци, а 61 биле позитивни. Оздравеле 79.

Пријавен е есен смртен случај.

Во Брчко нема новозаразени, а еден оздравел.

Треба да знаете
Последни објави