Search

Во Tетовско 86 казни по 20 евра за неносење маски

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, 86 лица во Tетовско добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во содејство со Државниот пазарен инспекторат, биле контролирани 18 угостителски објекти.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето за да се спречи  ширење на заразата со КОВИД-19.  Според оваа Уредба, секој е должен да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично). Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка и друго. Потсетуваме дека глобата изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице, стои во денешниот апел на СВР Тетово.

За изминатото деноноќие (31 мај / 1 јуни) нема нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  а вкупно биле контролирани 182 лица со вакви решенија. Нема нови изјави за самоизолација, а контролирани биле 35 лица.

Треба да знаете
Последни објави