Search

ВМРО-ДПМНЕ знае само да брани криминал, одговорност мора да има за сите отворени случаи

Oдговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање1: Вчера екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска почна со издржувањето на казна затвор за случајот “Тенк”. Како го коментирате овој чин и дали очекувате и другите предмети на СЈО да имаат завршница?

Одговор: Ние апелираме до сите надлежни иституции она што беше до нас како пратеници, како парламент да придонесеме во однос на реформите во правосудството со самото носење на Закон за ЈО, со сите идни реформи коишто ги планираме во однос на правосудството, апелираме до надлежните институции да ги расветлат  сите случаи коишто се во тек и секако конечно по примерот и со Гордана Јанкуловска да завладее правдата и правото во Република Северна Македонија. Само на тој начин со бескомпромисна борба против криминалот, против корупцијата, со сериозна борба против криминалците особено против оние коишто 11 години ја тероризираа државата, ќе ја вратиме довербата на граѓаните и во правосудството. но најважно довербата на граѓаните во државата и во институциите.

Прашање2: Опозицијата обвинува за политички реваншизам и политички пресметки со неистомислениците, дали станува збор за партиски реваншизам според вас или функционирање на правото?

Одговор: Како што веќе одговорив, како политичари мораме да придонесеме без да се мешаме во одлуките на независното судство, без да се мешаме во одлуките на правосудните органи, да дозволиме да завладее правото и правната држава. Не очекувам ништо од опозициската ВМРО-ДПМНЕ којашто единствено нешто за коешто се грижи е спас за криминалот и криминалците што сеуште ги имаат , а тоа можевме да го видиме и со последните случувања и ангажирање на луѓе во Извршниот Комитет, не можам да очекувам од такви луѓе да застанат и да го поддржат правото и правдата. Од ВМРО-ДПМНЕ единствено нешто коешто го гледаме, а сведок е целата македонска јавност дека навистина единственото нешто за коешто се грижат првично е спас на фотељата на Христијан Мицкоски внатре во партијата и секако спас за криминалот и криминалците. Таа борба на ВМРО-ДПМНЕ во блокирање на владеењето на правната држава со сигурност можам да ве уверам дека ќе биде неуспешна.

Треба да знаете
Последни објави