Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата

Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13.7% капитални инвестиции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7%. Ова значи дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе.

Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија. Ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги.

Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи.

И иако нема инвестиции, сепак има задолжувања. Долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку. Зоран Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата. Одговорност за стагнирањето на државата ќе има.

Треба да знаете
Последни објави