Search

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија во државата која може да зборува за НОБ и за партизаните

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е последниот политички субјект во државата која може да зборува за Народно ослободителната борба и партизаните.

Партијата која идеологијата ја градеше со понижување на НОБ, на борците, партизаните, менување на нивното значење, бришење менување на имиња на улици, булевари и установи кои беа именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, нема никаков кредибилитет да зборува за НОБ и партизаните.

Ништо ново од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.

Но граѓаните одамна не веруваат во хистеријата што ја шири Мицкоски. За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се потврдени и признаени.

Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес затоа што се води исклучиво од партискиот интерес. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави