Search

Владата наложи да се обезбедат живеалишта за семејствата погодени од пожарот во Шуто Оризари

На денешната седница на Владата, Министерството за труд и социјална политика е задолжено да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари, кој се случи на 10 јануари.

На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за погодените семејства.

Во пожарот во скопската населба, загинаа две деца на возраст од три и една и пол година.

Треба да знаете
Последни објави