Search

Вицепремиерот Османи во работна посета на Унгарија, Хрватска, Италија и Белгија

 Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Република Унгарија во рамки на која ќе се сретне со државниот министер за европски работи при канцеларијата на премиерот и претставник на Република Унгарија во Европската Унија, Саболч Такач, како и со министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Османи од Унгарија ќе замине за Република Хрватска, каде на 28 мај (вторник) ќе се сретне со министерката за надворешни и европски прашања, Марија Пејчиновиќ Буриќ, како и со претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, како и поддршката од страна на Унгарија и Хрватска за земајва во пресрет на клучните европски самити во јуни.

Вицепремиерот Османи на 30 мај (четврток) ќе престојува во работна посета во Италија, а на 31 мај (петок) во Белгија. Во рамки на посетите предвидено е Османи да оствари повеќе средби со претставници на државниот врв од двете земји.

Треба да знаете
Последни објави