Search

Виси одигрувањето на натпреварот од ЛШ меѓу ПИК Сегед и Вардар

Сеуште актуелниот европски ракометен првак во машка конкуренција Вардар, ќе почека за да го одигра вториот натпревар од групата од новата сезона во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, бидејќи унгарскиот ПИК Сегед кој треба да биде домаќин информирал дека во своите редови има нов инфициран ракомет со коронавирусот.
Унгарскиот тим во соопштението наведува дека веќе имаат седми играч позитивен на коронавирусот, откако по дуелот со Кјлце, минатиот четврток, биле извршени редовни тестирања и еден ракометар позитивен, по што целата екипа повторно е испратена во карантин. Поради ова  раководството на клубот ја прекина продажбата на влезниците за натпреварот со Вардар за кој редовниотѕ термина е одигрување в четврток (од 18.45 часот).
За новонастанатата ситуација унгарскиот ПИК Сегед е во комуникација со екипата на Вардар како и со ЕХФ.
Неиграњето на дуелот со ПИК Сегед ќе биде втор одложен меч за Вардар кој минатата седмица не го нагости Елверум,  откако тимот од Норвешка побараа од ЕХФ да не патуваат во Скопје, поради ситуацијата со коронавирусот во нашата земја. На стартот од групната фаза Вардар гостуваше на 16 септемеври кај белорускиот Брест Мешков и загуби со 24:22.
Треба да знаете
Последни објави