Search

Вирусот не запира во БиХ, денеска 248 новозаразени и шестмина починаа

Во Босна и Херцеговина денеска се пријавени нови 248 заразени со корона вирус, а шест пациенти починаа. Во изминатите 24 часа во Федерацијата биле тестирани 1.415 примероци, а 173 биле позитивни.

Досега се тестирани вкупно 151.939 примероци, а корона вирусот е потврден кај 17.206 лица. До денеска во Федерацијата излечени се 13.197 пациенти, а во последното деноноќие 282. Активни се 3.518 случаи.

Во Заводот за јавно здравје пријавени се четири нови смртни случаи, а вкупно од Ковид-19 починаа 491 пациент.

Во Република Српска биле тестирани 510 примероци, од кои 72 биле позитивни. Починаа двајца.

Во Брчко се регистрирани три нови случаи на зараза со корона вирус. Едно лице се излечи, а активни се девет.

Треба да знаете
Последни објави