Search

(ВИДЕО) Ќе го загубев животот, истуркав со насмевка: Водителката Деа се врати на ТВ

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која пред неколку месеци доживеа тешка сообраќајна незгода и за малку ќе ја загубеше раката, утрово повторно се врати во нејзината Утринска програма „Ново утро“, на белградската ТВ „Пинк“. Емисијата, таа ја води со колегата Предраг Сарапa кој ја покани како гостинка, пренесува „Блиц“.

„ За мене, како никогаш да не си била отсутна“, ја пречека колегата Деа и ѝ посака добредојде.

„И јас така се чувствувам. Ме пречекаа со аплауз“, рече Деа и од својот колега побара да ѝ раскаже виц. Тој ѝ одговори дека вицот е многу глупав и додека тоа го изговараше се бореше да не заплаче.

„Знаеш колку е глупав овој виц“, ѝ одговори колегата. На тоа Деа му рече: „Немој случајно да се расплачеш, готово“.

„Дојдов во мојата втора куќа конечно. Всушност, „Пинк“ е мојата прва куќа со оглед на тоа колку време поминуваме овде заедно. Ви благодарам на сите што бевте со мене. Морам да ви кажам дека сѐ е од главата. Имав многу операции за да го сочувам животот. Раката ми беше ампутирана, срцето, градите, карлицата, ногата ми беше паразлизирана. Беа тоа тешки повреди и сето ова може да се истурка со насмевка. Сето ова може да истурка со сите вас, луѓето од телевизијата, Младен, баба ми, мајка ми. Ви благодарам многу што ми праќавте пораки и совети“, порача водителката.

На крајот, таа рекла дека не е сѐ во парите, туку во пријателствата кои ги имаме и тоа е она вистинското.  „Животот веќе не ми е загрозен, сега ми следи период на рехабилитација“, рече Деа за крај.

Треба да знаете
Последни објави