Search

(ВИДЕО) Јувентус стартуваше со победа, Кулушевски со преграсен гол на дебито

Актуелниот шампион Јувентус со победа ја отвори новата сезона во италијанската Серија А. Со головите на Дејан Кулушевски, Леонардо Бонучи и Кристијано Роналдо четата предводена од новиот тренер Андреа Пирло тргна со триумф над Сампдорија со 3:0.

Шведскиот напаѓач кој дебитираше за Јуве погоди во 13 минута откако претходно Роналдо не успеа да пројде покрај дефанзивците на екипата од Џенова. Топката дојде до младиот играч кој со лева нога пласираше во голот на гостинската екипа.

Роналдо имаше шанса да зголеми но ја погоди стативата. Во 73 минута после корнер и мешаница пред голот на Сампдорија, топката во голот ја турна Бонучи за 2:0. Во последните моменти од натпреварот мрежата ја затресе и Кристијано Роналдо.

Реално гледано Јувентус заслужи да слави затоа што беше подобар противник, повеќе шанси и повеќе удари на голот. Противничките играчи ниту еднаш не шутнаа во рамките на голот на Шчесни.

Ова е прва победа и за Андреа Пирло како тренер на Јувентус. За „Старата дама“ дебитираше и уште еден нов играч Мекени кој летоска дојде од Шалке. Во првиот тим се најде и 21-годишниот Џанлука Фработа кој беше прекомандуван од У23 тимот. За него ова е само втор меч за А тимот. Првиот настап го имаше во последното коло минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави