Search

(Видео) Ѓаволски нос – најопасното патување со воз во светот

Нариз дел Диабло или носот на ѓаволот е името на посебен дел од железничката пруга која поминува низ Андите во Еквадор. Железничката пруга е изградена на планински терен на надморска височина од 800 метри. Еквадорскиот железнички систем е навистина прекрасен. Во оваа јужноамериканска земја пругата го спојува главниот град Кито со Гуајакил повеќе од век, а изградена е со примитивна технологија.

Станува збкр за зачудувачки проект, бидејќи пругата поминува низ многу предизвикувачки терен, низ ридести клисури, покрај бесни речни брзаци и густа шумска вегетација.

Најимпресивниот дел се нарекува Нариз дел Диабло или носот на ѓаволот, именуван откако за време на изградбата на овој опасен терен загинале повеќе од две илјади лица, како последица на честа сеизмичка активност, жолта треска, напади на диви животни и други несреќи.

Овој опасен дел од пругата е изграден од затвореници осудени на доживотен затвор – главно од Јамајка и Порториканци, на коишто по успешното завршување на работите им било ветено дека ќе бидат помилувани.

Ѓаволскиот нос отсекогаш бил најпопуларниот дел од еквадорскиот железнички систем во деведесеттите години на минатиот век, кога голем дел од инфраструктурата почнала да се распаѓа и да се затвра, додека само Нариз дел Диабло остана во функција.

За тоа се заслужни туристите, кои доаѓаат од целиот свет во Еквадор за да го видат ова чудо, поради што локалните власти инвестираат пари за реновирање на пругата.

Треба да знаете
Последни објави