Search

(ВИДЕО) Трипуновски се снимаше како им „држи лекции“ на вработените во подрачната единица во Берово

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој носеше и човек да го снима целиот процес. Видеото го препрати до медиумите и го објави на социјалните мрежи

„Ве познавам, ве знам од телевизија“ му рече еден од вработените, кој го праша Трипуновски што значи снимањето, а тој му одговори дека тој е заменик-министер и тој го нарачал снимањето.
Снимањето предизвика реакции во јавноста бидејќи Трипуновски без дозвола снимал и ја повредил приватноста на врааботените.

.

 

Треба да знаете
Последни објави