Search

(Видео) Трамп објави бизарен спот во кој алудира дека Бајден е педофил

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот твитер-профил и на фејсбук-страницата уште едно oд низата видеа кои се комбинација на предизборни спотови и исмејувачки мемови насочени кон неговиот противкандидат Џо Бајден и другите политички противници. Но, ова е уште побизарно од вообичаеното.

Во анимирано видео кое изгледа како да е направено со 30-годишна технологија, прво се гледа воз кој забрзано се движи по пругата. На вагоните на возот има напишано „КАГ 2020“, што е кратенка за слоганот на Трамп „Keep America Great“ „Чувајте ја Америка голема“ и натписот „Trump Pence“.

Потоа, се гледа Џо Бајден како по истата пруга поминува со дрезина (шинско возило на рачен погон), додека во исто време се слуша аудиоснимка од бизарниот монолог на Бајден за неговото искуство од младоста кога тој бил спасител на јавен базен.

Во тој монолог, кој стана еден вид мем во последните месеци, Бајден, меѓу другото, вели: „Сакам кога децата ми скокаат во скут“.

Исто така, на количката под натписот „Претседател Бајден“ има натпис „Твојата коса мириса одлично“, што е алузија на бројни случаи кога Бајден влегувал во личниот простор на жените и девојчињата на јавни настапи, им ја мирисал косата, ги галел, ги држел рацете на нивните рамења и грб, им давал бакнежи, им шепотел на уво или на друг начин им покажувал нежност.

Некои од нив подоцна изјавиле дека таквите допири биле непримерни и дека се чувствувале непријатно, поради што Бајден индиректно се извини во април, ветувајќи дека во иднина ќе биде повнимателен во однос на кршењето на туѓиот личен простор.

Бизарното видео на Трамп, направено од обожавател на Трамп и креатор на мемови под „уметничкото“ име Something Wicked, е видено повеќе од 6 милиони пати на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави